СУБВЕНЦИИ ОД 19.000 ДЕНАРИ ЗА ФИРМИТЕ ШТО ЌЕ ВРАБОТАТ РАНЛИВИ ГРАЃАНИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА

    СУБВЕНЦИИ ОД 19.000 ДЕНАРИ ЗА ФИРМИТЕ ШТО ЌЕ ВРАБОТАТ РАНЛИВИ ГРАЃАНИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКАМинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и постојната претставничка на УНДП Луиза Винтон, денеска го посетија Здружението на граѓани за советување и лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависници од психотропни супстанци „Избор Струмица“.(Фото:МТСП)

    Министерството за труд и социјална политика ќе субвенционира вработување на ранливи лица.

    „Со новиот план за 2018 година предвидена е мерка субвенционирање на плати, каде што даваме 19 илјади денари за вработување на ранливи или тешко вработливи групи на граѓани. За 12 месеци работодавачите може да добијат 228 илјади денари и се очекува со оваа мерка да се опфатат над 520 лица“, кажа министерката Мила Царовска, при денешната посета на Здружението на граѓани за советување и лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависници од психотропни супстанци „Избор Струмица“.

    Сократ Манчев, претседател на здружението „Избор Струмица“ кажа дека пред неколку дена склучен е договор со Министерство за здравство за превентивните програми.

    „На два пати користевме програми за вработување, кои што за прв пат можеа и невладините организации да ги користат, кои заедно ги менаџираат УНДП и МТСП. Со Министерството за труд и социјална политика договараме да бидат финансирани 32 лица во оваа програма за рехабилитација и ресоцијализација. Трошоците ќе бидат покриени од МТСП“, рече Манчев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира