СУБВЕНЦИИ ЗА ПОВИСОКА КАТЕГОРИЈА ТУРИСТИЧКИ ОБЈЕКТИ, ПРЕДВИДУВА ПРОГРАМАТА НА НОВАТА ВЛАДА

    СУБВЕНЦИИ ЗА ПОВИСОКА КАТЕГОРИЈА ТУРИСТИЧКИ ОБЈЕКТИ, ПРЕДВИДУВА ПРОГРАМАТА НА НОВАТА ВЛАДАСе предвидува формирање на посебна Канцеларија за планински туризам и планински содржини - напуштениот хотел „Илинден“ во Крушево - (Фото: СДК.МК)

    Субвенционирање на алтернативен и културен туризам, развој на планински туризам и давање субвенции за категоризација на угостителските објекти се ставките од областа на туризмот на кои ќе се фокусира Владата во наредниот четиригодишен период, стои во нејзината Програма за работа.

    Владата ќе го стартува проектот „Ѕвезда плус“, во кој регистрираните угостителски капацитети во клучните туристички места ќе може да добијат државни субвенции во висина од 50% од инвестицијата за да добијат еден степен повисока категоризација.

    За да се искористи растечкиот интерес за профилиран планински туризам, Владата предвидува формирање на посебна Канцеларија за планински туризам и планински содржини, која како фокус ќе го има развојот на Шар Планина, Маврово, Матка, Пелистер, Галичица и Царев Врв на Осоговските Планини.

    За Попова Шапка, Владата ќе ги разгледа различните модели за нејзин развој како регионален туристички центар, со можност за приватни инвестиции или јавно-приватно партнерство, што би овозможило изградба на жичници од Тетово до Попова Шапка. Истовремено, Владата ќе почне реконструкција на постоечките планинарски домови и изградба на нови и ќе инвестира во трасирање и промовирање на официјални планинарски патеки.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира