СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ОДЛОЖЕНО ПО ИЗБОРИТЕ, АДВОКАТОТ НА ЈАНАКИЕСКИ БИЛ ЗАФАТЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Скопје,(САКАМДАКЖАМ.МК)

    СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ОДЛОЖЕНО ПО ИЗБОРИТЕ, АДВОКАТОТ НА ЈАНАКИЕСКИ БИЛ ЗАФАТЕН

    Адвокатот Никола Додевски, бранител на второобвинетиот Миле Јанакиески во предметот за насилство во општина Центар, го известил Основниот суд Скопје 1 дека в понеделник е спречен да дојде на судењето на кое првообвинет е Никола Груевски како нарачател на насилствата и на шамарите кои требало еден од учесниците да му ги удри на градоначалникот Андреј Жерновски.

    „Адвокатот на второобвинетиот М.Ј. го извести Судот дека е спречен да присуствува на закажаната главна расправа бидејќи тој е организатор и ќе учествува на дводневна работилница за Имплементација за Законот за одмерување на казни, организирана од Адвокатската комора на Р. М., Амбасадата САД и Бирото за меѓународна борба против наркотиците и спорведување на законите. Настанот бил закажан пред  да ја добие поканата за закажаната главната расправа“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    Во прилог на поднесокот, адвокатот ја доставил агендата од настанот и бара главната расправа, заради спреченост да присуствува како бранител на второобвинетиот, да се презакаже.

    Судијката Татјана Михајлова главната расправа ја презакажала за 16 декември, по завршувањето на изборите на пратеници на 11 декември.

    Во понеделник кога требаше да се одржи рочиштето почнува изборната кампања, а ВМРО-ДПМНЕ традиционално ќе ја започне со митинг во Охрид.

    Специјалното јавно обвинителство на 15 септември поднесе обвинителен предлог против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

    Обвинението по куса постапка е поднесено врз база на прислушуваниот телефонски разговор на први јуни, 2013 во 20.57 часот меѓу, како што рече СЈО, двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, но и врз база на 56-секунден разговор во кој е опфатен познат македонски бизнисмен, од кој произлегле цврсти докази дека насилствата биле нарачани да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови, заради лукративни причини, од лични и бизнис интереси.

    Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината. Во целата операција, која била инсценирана божем против уривањето на проектираната црква Свети Константин и Елена, а која воопшто не ни била ставена на дневен ред на седницата, диригирале од внатре по мобилен телефон советници на општина Центар, кои се меѓу обвинетите.

    На дневен ред на таа седница биле 4 урбанистички планови – „Голем ринг, јужен дел – Запад“, „Голем ринг, јужен дел – Исток“, „Мал ринг“, „Централно градско зеленило покрај Вардар – јужен дел“, меѓу нив и тој за црквата „Св. Константин и Елена“, но во него немало измени за црквата туку таа била само потврдена. На таа седница не беа усвоени, само беа одложени, но  неколку месец подоцна беа усвоени.

    Експремиерот Груевски не доаѓа ни на закажаните рочишта за случајот Пуч, каде е единствениот сведок на СЈО. Основниот суд Скопје 1 не му праќа покани и на Јанева не и одговара зошто го прави тоа. Последниот пат во судницата избувна жестока кавга меѓу Јанева и судијката Башевска, бидејќи судењето таа го одложи на неодредено време. Последен пат Башевска како причина за одлагање наведе немање на безбедносен сертификат на два поротника.

    Груевски ни тогаш не дојде, а судијката повторно остана глува на прашањето на Јанева и на одбраната на Зоран Заев, Соња и Зоран Верушевски – кај е сведокот Никола Груевски и зошто Судот не смее да го покани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира