СУДЕЊЕТО НА ГРУЈОВСКИ ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ОД МВР ЗАКАЖАНО ЗА 28 НОЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДЕЊЕТО НА ГРУЈОВСКИ ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ОД МВР ЗАКАЖАНО ЗА 28 НОЕМВРИ

    Првото рочиште од судењето за обвинителниот предлог на СЈО за фалсификување службена исправа против поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски, судијката Лидија Петровска го закажа за 28 ноември во 11 часот, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    „Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат однезаконското следење на комуникациите ( СЈО ) против 7 лица осомничени за кривичното дело „Фалсификување на службена исправа“, од чл.361 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ по добивање на предлогот, оформи предмет со К.бр.1905/16 и закажа рочиште за 28.11.2016 година во 11:30 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог“, соопшти Судот.

    На прес-конференцијата на 15 септември, ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и шестмина вработени во Управата добија обвиненителни предлози од Специјалното јавно обвинителство за фалсификување службени исправи, зашто противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување. За ова кривично дело пропишана е затворска казна до пет години.

    На 7 октомври, Апелацискиот суд ја одбил жалбата на СЈО на одлуката на Основниот суд Скопје 1 да не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска. СЈО бараше нејзино изземање, бидејќи таа се споменуваше во една од „бомбите” што ги објави опозицијата како „сваровски судијката”, но од Апелација велат дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира