СУДЕЊЕТО НА ЈАНАКИЕСКИ ЗА СОНЧЕВ ГРАД ОДЛОЖЕНО ОТИ АДВОКАТИТЕ МУ СЕ ЗАФАТЕНИ СО КОЧАН

    СУДЕЊЕТО НА ЈАНАКИЕСКИ ЗА СОНЧЕВ ГРАД ОДЛОЖЕНО ОТИ АДВОКАТИТЕ МУ СЕ ЗАФАТЕНИ СО КОЧАНПредметот „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата „Сончев град“, за која поради недостатоци настанати при склучување на договорот за нејзина изградба, буџетот бил оштетен за околу еден милион евра. - Миле Јанакиески пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Судењето на обвинетиот Миле Јанакиески за предметот на СЈО „Топлик“ е одложено за 30 јануари бидејќи адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски биле ангажирани и од Сеад Кочан за предметот „Труст“, за кој што, исто така, денеска има судење во Основниот суд Скопје 1, објави агенцијата „Мета“.

    Судијката Татјана Михајлова, по дебатата меѓу одбраната и обвинителите околу термините за судењето, реши денешното рочиште да го презакаже за 30 јануари

    Предметот „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата „Сончев град“, за која поради недостатоци настанати при склучување на договорот за нејзина изградба, буџетот бил оштетен за околу еден милион евра.

    Во предметот обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пет други лица. Јанакиески, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира