СУДЕЊЕТО ЗA УРИВАЊЕTO НА „КОСМОС“ ПО НАРАЧКА НА ГРУЕВСКИ ТРАЕШЕ ДО 20.30 ЧАСОТ, ДЕНЕС СЕ СОСЛУШУВААТ ОБВИНЕТИТЕ, ПА ПРЕСУДА

    СУДЕЊЕТО ЗA УРИВАЊЕTO НА „КОСМОС“ ПО НАРАЧКА НА ГРУЕВСКИ ТРАЕШЕ ДО 20.30 ЧАСОТ, ДЕНЕС СЕ СОСЛУШУВААТ ОБВИНЕТИТЕ, ПА ПРЕСУДАЗа денеска е закажано сослушување на обвинетите, по што следуваат завршни зборови и пресуда. - Избеганиот во Унгарија експремиер Никола Груевски на судење за ТНТ (архивска фотографија)

    Синоќа заврши судскиот процес за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ по нарачка на избеганиот во Унгарија експремиер Никола Груевски, кој е првообвинет во предметот „ТНТ“, и со реализација на Миле Јанакиески, Тони Трајковски (ексградоначалник на Гази Баба) и вработени во општината.

    „Околу 8.30 часот заврши сослушувањето на сите сведоци. Последните беа вештаци и сведоци на обвинетите, предложени од нивните адвокати. Утре во 9.30 часот продолжува судењето за ТНТ. Ќе се сослушуваат обвинетите, сите, освен избеганиот Груевски, кому му се суди во отсуство“, потврдија синоќа за САКАМДАКАЖАМ.МК од Основниот суд Скопје 1.

    Според извори блиски до странките во постапката (обвинителството и одбраната), обвинетите негодувале што судијата Огнен Ставрев по вчерашното судење кое почна во 9.30 часот, закажал продолжение за само 13 часа откако заврши рочиштето за „ТНТ“. Веќе во 9.30 денеска е закажано сослушување на обвинетите, по што следуваат завршни зборови и пресуда.

    Обвинетите и адвокатите жестоко се спротивставиле на закажувањето одбрана (сослушување на обвинетите) ден за ден, без пауза, зашто немале време да се подготват.  Од судот велат дека тоа е во интерес на обвинетите и никому друг, зашто тие и во воведните зборови, а и цело време во текот на судењето, тврдат дека се невини и сакаат побрзо да ја докажат невиноста.

    На судењето за „Талир“ пред неколку дена, Миле Јанакиески се пожали дека има многу обвиненија и над 200 судења годишно.

    Вчера, адвокатот на обвинетата во „ТНТ“ Елисавета Најдовска, Мерџан Даути, одново инсистираше целиот предмет, со материјалите од двегодишното судење, да му биде преведен на албански јазик, со што би се развлекло ова судење уште најмалку шест месеци, но судечкиот советот не му дозволи. Во последен момент Најдовска најми адвокат Албанец, за да се одолговлечи овој судски процес, кој е пред пресуда.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира