СУДИИТЕ ОДБИВААТ ДА ИЗДАДАТ НАРЕДБИ ЗА ПРЕТРЕС КАЈ ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ОБВИНИ КАТИЦА ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИИТЕ ОДБИВААТ ДА ИЗДАДАТ НАРЕДБИ ЗА ПРЕТРЕС КАЈ ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ОБВИНИ КАТИЦА ЈАНЕВА

    Сите барања за издавање на наредби за претрес, кои се однесуваа на сегашни и поранешни високи функционери освен едно се одбиени, соопшти Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

    Тие велат дека на 20 јануари на дежурниот судија при Одделението за организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 Скопје му поднеле неколку барања за издавање наредби за претреси. Од непознати причини дежурниот судија бил заменет и барањата биле доделени на други судии на постапување.

    Барањата се однесувале на различни предистражни и истражни постапки.

    „Во прилог на нашите барања беа доставени докази и разговори од незаконското следење на комуникациите од кои произлегува надлежноста на ова Јавно обвинителство“, соопшти СЈО.

    Од страна на судот била издадена само една наредба за претрес за потребите на истражната постапка во предметот под работен наслов „Титаник“.

    Од СЈО велат дека судиите за претходна постапка на кои им биле доделени овие предмети Елена Јосифовиќ и  Александра Поп Стефанија изразиле несогласност по барањата за определување наредба за претрес, а кривичните совети во состав од судиите Љубинка Башеска, Горан Бошевски и Владимир Панчевски, од судиите Владимир Панчевски, Ленка Давиткова и Диана Груевска Илиевска и од судиите Ленка Давиткова, Диана Груевска Илиевска и Ивица Стефановски ги уважиле изразените несогласности на судиите за претходна постапка.

    Одлуки по повод нашите барања беа донесени по истекот на законските рокови, со што постапката се одолговлекува и се оневозможува итност во постапувањето. Имено, ЗКП предвидел кратки рокови и тоа по барањето за издавање наредба за претрес судијата е должен да донесе одлука во рок од 12 часа, а доколку изрази несогласност, тогаш кривичниот совет треба да одлучи во рок од дополнителни 24 часа.

    Би укажале и дека до ова Јавно обвинителство сеуште не се доставени записниците, ниту пак снимките од одржаните рочишта по повод поднесените обвинителни предлози во случаите за насилството во општина Центар и за уништената документација во Управата за безбедност и контраразузнавање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира