СУДИЈКА ОД ГРАЃАНСКИОТ СУД ДОБИ ОД НОВИНАРИТЕ ПЛАКЕТА „ЦЕНЗОР НА ГОДИНАТА“

    СУДИЈКА ОД ГРАЃАНСКИОТ СУД ДОБИ ОД НОВИНАРИТЕ ПЛАКЕТА „ЦЕНЗОР НА ГОДИНАТА“Новинарите побараа од Граѓанскиот и од Апелациониот суд повнимателно и поодговорно да се однесуваат со тужбите за клевета и навреда против новинари и да ја почитуваат слободата на информирање (Фото:К.Попов)

    Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари организираа протест на новинарите пред Основниот граѓански суд, каде симболично, на судијката Јованка Спровска-Панева, која напиша во пресуда дека ИРЛ не е медиум и не смее да ги објавува истражувањата, ѝ беше „доделена“ голема златеста плакета за Цензор на годината.

    Новинарите побараа од Граѓанскиот и од Апелациониот суд повнимателно и поодговорно да се однесуваат со тужбите за клевета и навреда против новинари и да ја почитуваат слободата на информирање.

    Новинарите членови во синдикатот со самолепливи бели ленти на уста, покажаа дека некој се обидува да ги замолчи и цензурира медиумските работници.

    Им се забранува на граѓаните да го кажат својот гласа и да ја кажат вистината. Затоа сакам да им порачам, не им успеало на никого досега и нема да успеат. Само ќе направат да бидеме посилни и да дојдеме тука да ја пратиме пораката и сакам да им кажам дека нема да застанеме и нема да замолчиме“, кажа новинарот Сеад Ризвановиќ од Тв24.

    Овој протест е по објавувањето на пресудата за случајот „Фероинвест против ИРЛ“ кој се однесува на тужбата за навреда и клевета против ИРЛ, каде Спировска-Панева го осудува медиумот, но дава такви недолични, навредливи и опасни квалификации и лични проценки за него, што го крена алармот кај сите медиумски куќи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира