СУДИЈКАТА ЛИДИЈА ПЕТРОВСКА ГИ ОДОБРИ ОБВИНЕНИЕТО И БОМБИТЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИОТ ТЕНДЕР ВО ЕЛЕМ, ТЕЖОК НАД 4 МИЛИОНИ ЕВРА

    СУДИЈКАТА ЛИДИЈА ПЕТРОВСКА ГИ ОДОБРИ ОБВИНЕНИЕТО И БОМБИТЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИОТ ТЕНДЕР ВО ЕЛЕМ, ТЕЖОК НАД 4 МИЛИОНИ ЕВРАПрвообвинетиот во „Тарифа“ Дејан Бошковски, ексдиректор на АД ЕЛЕМ, е сопруг на Билјана Бришкоска - Бошковски, поранешен заменик-министер за правда, обвинета во „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности (Фото: МИА)

    И обвинението за нелегалниот тендер за набавка на софтвер за ЕЛЕМ, тежок 3,7 милиони евра, го прифати Основниот суд Скопје 1, заедно со бомбите што ги предложило како докази Специјалното јавно обвинителство. Овој предмет на оценка беше кај судијката Лидија Петровска, која го одобрила, но сè уште предметот не е распореден кај судија за главно судење и нема термин за почеток.

    Со дополнителен нелегален договор за оваа незаконска набавка, вкупната штета на јавните пари од ЕЛЕМ, изнесува 4.092.420 евра.

    Истрагата заслучајот наречен „Тарифа“, СЈО ја отвори на 24 јануари годинава. Од седум осомничени, со обвинение завшија тројца. Првообвинет е ексдиректорот на ЕЛЕМ Дејан Бошковски од ВМРО-ДПМНЕ, сопруг на Билјана Бришкоска-Бошковски, поранешен заменик-министер за правда. Сите се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

    Се работи за потрошени 3.700.000 евра јавни пари од ЕЛЕМ за набавка на софтверски систем за потребите на претпријатието, кој во значителен дел се уште не е имплементиран. Во тендерот за набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, обвинетите на компанијата која подоцна го добила тендерот и овозможиле да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

    Дел од обвинетите кои го спровеле незаконскиот тендер, потоа неосновано одобриле исплати на парични средства на име лиценци за одржување на софтверот, спротивно на посебните услови од договорот на јавна набавка, каде било предвидено дека плаќањето на име лиценци за одржување на софтверот ќе се изврши во гарантен и постгарантен период, а кој период никогаш не започнал да тече, бидејќи системот не бил имплементиран.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира