СУДИЈКАТА МИХАЈЛОВА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ФЕТАИ СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ДА НЕ ЗАВИСИ ОД ПРИСУСТВОТО НА ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИ

    СУДИЈКАТА МИХАЈЛОВА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ФЕТАИ СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ДА НЕ ЗАВИСИ ОД ПРИСУСТВОТО НА ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИСудијката го прифати барањето на обвинителката Фатиме Фетаи, која предупреди дека никогаш нема да се соберат сите обвинети и судењето да почне и донесе решение да го издвои Крстев од оваа постапка. - Дел од обвинетите во предметот „Насилство во Општина Центар“ (Фото: М. Златевска)

    Судијката Татјана Михајлова од Основниот суд Скопје 1 направи пресврт во судењето против експремиерот Никола Груевски за насилствата и шамарите во Центар. Таа не го одложи судењето, како што побара обвинетиот за насилство Димче Крстев, кој утринава по наредба на Михајлова беше стражарно приведен.

    Судијката го прифати барањето на обвинителката Фатиме Фетаи, која предупреди дека никогаш нема да се соберат сите обвинети и судењето да почне и донесе решение да го издвои Крстев од оваа постапка.
    Тоа предизвика изненадување и вознемиреност не само кај првообвинетиот Груевски, туку и кај сите останати 13 обвинети и адвокатите кои денеска дојдоа комплет. Михајлова му рече на Крстев: „Одете си дома Димче ако не ви е добро. Слободен сте. Ќе бидете повикан во друга постапка против вас, за истото обвинение”.

    Михајлова рече дека против нејзината одлука Крстев да се издвои од оваа постапка и судењето за насилствата и нарачаните шамари за Жерновски, нема право на жалба.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира