СУДОТ ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА САШО МИЈАЛКОВ

    СУДОТ ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА САШО МИЈАЛКОВСашо Мијалков, кој в петок треба да ја слушне пресудата за предметот „Тврдина-Таргет“, каде што е првообвинет за масовното незаконско прислушување, од синоќа е во бегство. (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд Скопје донесе решение да даде согласност за распишување меѓународна потерница за обвинетиот Сашо Мијалков на барање на Министерството за внатрешни работи, соопштија од судот. Оттаму велат дека барањето од полицијата стигнало претпладнево и веднаш по приемот била донесена одлуката.

    „Во однос меѓународната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, претпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода. Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решениe за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот“, се вели во соопштението.

    Сашо Мијалков, кој в петок треба да ја слушне пресудата за предметот „Тврдина-Таргет“, каде што е првообвинет за масовното незаконско прислушување, од синоќа е во бегство, откако полицијата требаше да му го врачи судското решение за куќен притвор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира