СУДОТ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ МУ ГО ОДЗЕМЕ ПАСОШОТ НА МИЈАЛКОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ МУ ГО ОДЗЕМЕ ПАСОШОТ НА МИЈАЛКОВ

    Основниот суд Скопје 1 потврди дека три лица осомничени за случајот на СЈО „Трезор“ денеска се појавија на распит пред судија на претходна постапка и претставник на СЈО. Од Судот најавија дека за одлуката на судијата на претходна постапка по барањето на СЈО за одредување мерки за претпазливост за трите осомничени лица јавноста ќе биде дополнително информирана.

    Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, денеска околу 12 часот дојде на распит во Основниот суд Скопје 1. Мијалков е еден од тројцата осомничени во „Трезор“, за кои СЈО бара мерка на претпазливост – одземање на пасошот. Истата мерка е побарана за други двајца осомничени во случајот, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. За првоосомничениот во „Трезор“, Горан Грујовски, барањето на СЈО за притвор беше одбиено.

    На прес-конференцијата на 28 септември, на која што беше презентиран „Трезор“, СЈО соопшти дека покренало истражна постапка против три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР, кои се сомничат дека прибавиле имотна корист за правно лице регистрирано како „Финзи“ во вкупен износ од над 53 милиони денари, или над 862.000 евра. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека станува збор за основано сомнение дека пари од буџетот преку злоупотреба на функции и злоупотреба на буџетот се искористени за лично богатење.

    Станува збор за набавка на електронска и комуникациска опрема од правно лице од Велика Британија. Управител на фирмата „Финзи Дооел“ бил Коста Крпач, кој бил сведок на СЈО. Тој беше најден застрелан во својот стан во Скопје во април оваа година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира