СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ПРИТВОР ЗА „ТРЕЗОР“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ПРИТВОР ЗА „ТРЕЗОР“

    Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за едно осомничено лице во врска со истрагата за предметот „Трезор“.

    „Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела позврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), против едно лице опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“, донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован”, соопштија од Судот.

    СЈО побара и одземање на пасошите за други три лица за истиот предмет, а достави и трет предлог до Судот за донесување на привремена мерка – забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правнoто лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

    Претходно денеска, како што соопшти Судот, СЈО побара изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“. По барањето на СЈО, претседателот на Судот треба да одлучи во рок од три дена. Од Судот велат дека ова е трето барање за изземање судија од страна на СЈО и го обвинија СЈО дека намерно ги одолговлекува постапките.

    Од СЈО велат дека побарале изземање на една судијка затоа што нејзиниот девер е вработен во правно лице со кое правното лице „Финзи“ е во должничко-доверителска релација.

    На завчерашната прес-конференција, на која што беше презентиран „Трезор“, СЈО соопшти дека покренало истражна постапка против три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР, кои се сомничат дека прибавиле имотна корист за правно лице регистрирано како „Финзи“ во вкупен износ од над 53 милиони денари, или над 862.000 евра. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека станува збор за основано сомнение дека пари од буџетот преку злоупотреба на функции и злоупотреба на буџетот се искористени за лично богатење. Станува збор за набавка на електронска и комуникациска опрема од правно лице од Велика Британија.

    Управител на фирмата „Финзи Дооел“ бил Коста Крпач, кој бил сведок на СЈО. Тој беше најден застрелан во својот стан во Скопје во април оваа година. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека го чека записникот на СЈО со исказите на Крпач дека одредени лица му се заканувале „за да можат да го склопат мозаикот“ за да утврдат „што го натерало да посегне по својот живот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира