СУДОТ ЌЕ ГО РАСЧИСТИ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД РОДИТЕЛИТЕ ДЕКА ЗАЕВ ГО ШТИТИ ДУИ

    СУДОТ ЌЕ ГО РАСЧИСТИ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД РОДИТЕЛИТЕ ДЕКА ЗАЕВ ГО ШТИТИ ДУИРодителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро на денешното судење за „Монструм“ бараа Заев стражарно да биде донесен во Основниот суд Скопје 1 и да се соочи со нив. - Премиерот Зоран Заев доаѓа во Основниот суд Скопје 1 за рочиште за предметот „Поткуп3 на 12 април (Фото: СДК.МК)

    Владата очекува дека судскиот процес ќе се одвива целосно транспарентно и дека крајниот исход од постапката ќе ги расчисти сите отворени прашања во јавноста, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК владиниот портпарол Миле Бошњаковски по денешните обвинувања во судницата на процесот за предметот „Монструм“ дека премиерот Зоран Заев штити функционери од ДУИ кои ги имало во прислушуваните разговори што наводно ги чувал во штабот на СДСМ.

    „Владата на РМ укажува дека целосната надлежност за предметот „Монструм“ е во рамките на правосудниот систем. Владата очекува дека процесот ќе се одвива целосно транспарентно и дека крајниот исход од постапката ќе ги расчисти сите отворени прашања во јавноста“, кажа Бошњаковски.

    Родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро на денешното судење за „Монструм“ бараа Заев стражарно да биде донесен во Основниот суд Скопје 1 и да се соочи со нив дека кога биле кај него во СДСМ тој им тврдел дека ги поседува транскриптите според кои обвинетите разговарале со функционери од ДУИ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира