СУДОТ НЕ МУ ИЗДАДЕ ПРИВРЕМЕН ПАСОШ НА КАМЧЕВ

    СУДОТ НЕ МУ ИЗДАДЕ ПРИВРЕМЕН ПАСОШ НА КАМЧЕВОдлуката судија на претходна постапка, која го води предметот „Империја“ ја донела по негативното мислење од надлежниот јавен обвинител. - Орце Камчев пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Кривичниот суд го одби барањето на осомничените во „Империја“ Орце Камчев и Цветан Панделески за издавање на привремен пасош, соопштија од судот. Камчев претходно имаше добиено пасош со важност од шест месеци, кој му истече на 8 ноември, а сега бараше нов со важност од 12 месеци. Двата регуларни, македонскиот и бугарскиот, му се во Кривичниот суд.

    Одлуката судија на претходна постапка, која го води предметот „Империја“ ја донела по негативното мислење од надлежниот јавен обвинител.

    Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова продолжи да ја води „Империја“, но таа е сведок во „Рекет“, кој тргна од пријавата токму на Орце Камчев за незаконски дејствија од Јанева токму за истрагата „Империја“. Сега и „Империја“ и „Рекет“ се во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Шефицата на организиран криминал Вилма Русковска, пак, покрена обвинение за „Рекет“. Таму нејзин главен сведок е Камчев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира