СУДОТ ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ КАЖЕ ДАЛИ ЌЕ Ѝ ГО ОДЗЕМЕ ПАСОШОТ НА БЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ КАЖЕ ДАЛИ ЌЕ Ѝ ГО ОДЗЕМЕ ПАСОШОТ НА БЕТИ

    Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 денеска, по сослушувањето на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, првоосомничена во случајот на СЈО „Тендери“, не одлучи за барањето на СЈО за одредување мерка на претпазливост – одземање пасош. Одлуката ќе биде донесена од понеделник, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Основниот суд Скопје 1.

    „Тендери“ се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и правното лице „Бетон Штип“ за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО. Покрај првоосомничената министерка за култура Канческа-Милевска, осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство. СЈО ја сомничи министерката дека уште пред да биде распишан тендер, на 20 јуни, 2011 на бившиот директор на компанијата, сведок во СЈО, му рекла да не чека, да гради, оти условите за тендерот министерството ги мести за најповолен понудувач да биде „Бетон Штип“.

    По распитот Канческа – Милеска денеска изјави дека рече дека станува збор за политички театар на СЈО.

    Канческа-Милевска во судот се задржа околу два часа. Рече дека останува на изјавата дадена минатиот четврток и дека на денешното сослушување од СЈО не биле приложени нови докази. На распит во Судот денеска беше и уште една осомничена од министерството за култура за истиот случај, за која, исто така, СЈО побара мерка на претпазливост – одземање пасош.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК на пресот на министерката минатиот четврток што ќе изјави во врска со сведочењето на ексдиректорот на „Бетон Штип“ и на мајсторите дека вршеле градежни активности за партерното уредување околу и под Музејот на ВМРО пред да се распише тендерот на 20 јуни 2011 година, односно пред да се склучи договорот со „Бетон Штип“ на 5 август таа година, министерката тврдеше дека не е ни камче ставено додека не се распишал тендерот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира