СУСПЕНДИРАНИ ДВАЈЦАТА ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА КОИ ГО ПРЕГЛЕДАЛЕ 14-МЕСЕЧНОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ПОЧИНА ПО ДВА ДЕНА

    СУСПЕНДИРАНИ ДВАЈЦАТА ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА КОИ ГО ПРЕГЛЕДАЛЕ 14-МЕСЕЧНОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ПОЧИНА ПО ДВА ДЕНАКлиниката донесе одлука за времено отстранување на докторите и за формирање Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност. (Фото: СДК.МК)

    Суспендирани се од работа двајцата здравствени работници – доктори-специјалисти кои на 3 октомври биле дежурни и извршиле преглед на 14-месечното девојче кое почина на 5 октомври, соопшти Клиниката за детски болести. Клиниката донесе одлука за времено отстранување на докторите и за формирање Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.

    Лекарската комора денеска кажа нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор за лекувањето на 14-месечното девојче кое почина на Клиниката за детски болести и ќе чека решение од министерот за здравство за Арбен Таравари со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи.

    Девојчето почина на 5 октомври на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детска клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на дететео, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

    Таравари вчера кажа дека извештајот е испратен до двете клиники и до Лекарската комора, и додаде дека не е ниту судија, ниту обвинител, но дека очекува одговорност и мерки од директорите на двете клиники.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира