ТАЛАТ ЏАФЕРИ МАНИПУЛИРА, НЕ СУМ СЕ ОТКАЖАЛ ОД НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО, ВЕЛИ ПЕТРОВ

    ТАЛАТ ЏАФЕРИ МАНИПУЛИРА, НЕ СУМ СЕ ОТКАЖАЛ ОД НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО, ВЕЛИ ПЕТРОВИницијативата која Тодор Петров ја достави до Собранието на 24 декември лани, беше оценета како неуредна. На 9 јануари доставил нова иницијатива која матичните собраниски Комисии ја оцениле за уредна. Тодор Петров на седница на Уставен суд во септември 2018 година.(Фото:СДК.МК)

    Манипулативна е забуната што ја направи  претседателот на Собранието Талат Џафери дека сум ја повлекол иницијативата за собирање потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распуштање  на задолжителен нов референдум за името на целата територија на Македонија, изјави претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

    Тој вели дека не е точно оти откажал од иницијативата за нов референдум за името, откако претседателот на Собранието на денешната пленарна седница, при уврдувањето на дневниот ред извести дека Петров се откажал од собирањето потписи.

    Граѓанската иницијатива за собирање потписи за дополнителен референдум на кој граѓаните би се изјасниле на прашањето: „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија“ ставена е како 29. точка на дневниот ред на тековната седница.

    „Претседателот на Собранието Џафери манипулира со јавноста, бидејќи не кажа дека има две иницијативи за собирање 150 илајди потписи за распишување на задолжителен  референдум за името. Иницијативата која ја доставивме до Собранието на 24 декември лани, беше оценета како неуредна. На 9 јануари доставивме нова иницијатива со повеќе од 170 потписи собрани во подрачните единица на Државната изборна комисија, која матичните собраниски комисии ја оценија за уредна. Побарав од Џафери денеска да присуствувам на седницата како предлагач на иницијативата, но не ми беше дозволено“, изјави Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес.

    Г.ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира