ТАЛАТ ВЛЕЗЕ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ ВО СОБРАНИЕТО СО ЖБОГАР ОД ЕУ

ТАЛАТ ВЛЕЗЕ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ ВО СОБРАНИЕТО СО ЖБОГАР ОД ЕУСобранискиот спикер Талат Џафери утринава ја има првата работна средба во неговиот кабинет. Пред да се слика на новото работно место Џафери на работната маса ги поставил македонското, албанското и знаменцето на ЕУ.

Претседатателот на Собранието Талат Џафери утринава влезе во својот кабинет во парламентот и првата работна средба ја има со ЕУ амбасадорот во Скопје Самуел Жбогар, потврдија пратениците од парламентарното мнозинство Павле Богоевски и Мухамед Зекири. Телевизијата „ТВ21“ објави видео од настанот.

Пред да се слика на новото работно место Џафери на работната маса ги поставил македонското, албанското и знаменцето на ЕУ.

Неофицијално дознаваме дека процедурата за преземање на спикерското место си оди како што треба. Печатите не се кај поранешниот претседател Трајко Вељаноски, туку кај стручните служби.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заедно со поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски вчера беа на состанок во претседателскиот кабинет баш кога во него требаше да влезе новиот собраниски спикер Талат Џафери. Зошто состанокот се одржа во кабинетот на Џафери, никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да даде изјава.

 

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира