ТАРАВАРИ ЌЕ ПОБЕДИ ВО ГОСТИВАР, А КОЈ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ОДЛУЧИМЕ ПО ИЗБОРИТЕ, ВЕЛИ ЗИЈАДИН СЕЛА

    ТАРАВАРИ ЌЕ ПОБЕДИ ВО ГОСТИВАР, А КОЈ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ОДЛУЧИМЕ ПО ИЗБОРИТЕ, ВЕЛИ ЗИЈАДИН СЕЛАЛидерпт на ДР-ДПА Зијадин Села вели дека по изборите централното собрание а партијата ќе одлучи кој ќе биде министер за здравство.- Зијадин Села; Арбен Таравари (СДК.МК)

    Наследникот на Арбен Тарaвари во Министерството за здравство, ќе се знае по завршување на локалните избори, вели Зијадин Села, претседател на ДР-ДПА, која што вчера одлучи министерот Таравари да биде кандидат за градоначалник на Гостивар.

    „Таравари ќе победи во Гостивар. Се уште нема одлука кој ќе биде министер за здравство. За тоа ќе одлучи централното собрание на партијата, но дури по 15 октомври, односно по изборите. Треба да поминат изборите за да одлучиме кој ќе биде министер“, вели Села.

    Министерот Таравари вчера рече дека не успеале да се договорат за коалиција со БЕСА и дека ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар. Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека до изборите останува во Министерство за зравство, а за врема на предизборната кампања ќе земе две недели одмор, а во Министерството ќе доаѓа за да заврши неопходни работи.

    Тој денес изјави дека партијата донела ваква одлука по неуспешните обиди за коалиција со помалите партии и дека ако изгуби на изборите за градоначалник ќе се повлече од функцијата.

    Невзат Бејта од ДУИ, актуелен градоначалник на Гостивар денес најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат.

    Владата вчера излезе со став дека сите министерства и владини органи ќе работат со полн капацитет.

    „Секој избран или именуван функционер на Владата, покрај политичката има и морална и етичка одговорност за својата работа пред граѓаните. Владата им гарантира на граѓаните дека сите министерства и владини инстиитуции ќе работат во полн капацитет, пред, за време и по изборите“, велат од Владата.

    Е.БАЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира