ТАРАВАРИ ПОНИШТИ РЕШЕНИЕ НА ТОДОРОВ ЗА ПОСКАПИ ЛЕКОВИ

    ТАРАВАРИ ПОНИШТИ РЕШЕНИЕ НА ТОДОРОВ ЗА ПОСКАПИ ЛЕКОВИМинистерот за здравство Арбен Таравари кажа дека со одлуката ќе се удрело по џебот на граѓаните. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Арбен Таравари го поништи решението за нови референтни цени на лековите, според кое од утре требаше да се зголеми доплатата што ја плаќаат пациентите.
    Ова решение ексминистерот за здравство Никола Тодоров го потпишал на 30 мај, еден ден пред заминување од функцијата.

    „Одлучив да преземам конкретни мерки за поништување на ова решение за кое управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука на 26 мај годинава, а одлуката е излезена во службен весник на 9 јуни. Донесов одлука за поништување, бидејќи ќе удреше по џебот на пациентите”, рече Таравари на денешната прес-конференција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира