ТЕМИ ЗА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО СЕ АПСОЛУТНО НЕДОПУСТЛИВИ, ОМО „ИЛИНДЕН“ Е ПРОВОКАЦИЈА ЗА КОВАЧЕВСКИ, КАЖА ПЕТКОВ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ

    ТЕМИ ЗА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО СЕ АПСОЛУТНО НЕДОПУСТЛИВИ, ОМО „ИЛИНДЕН“ Е ПРОВОКАЦИЈА ЗА КОВАЧЕВСКИ, КАЖА ПЕТКОВ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕБугарскиот премиер Петков најави дека за 4 февруари се подготвува заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. - Од посетата на Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бугарскиот премиер Кирил Петков уште еднаш повтори дека не постои македонско малцинство во Бугарија и нема да дозволи на таа тема да се разговара, зборувајќи денеска во бугарскиот парламент за средбите со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Според него, ОМО „Илинден“ е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски.

    Претставници на македонските здруженија во Бугарија, меѓу кои и на ОМО „Илинден“ – Пирин, денеска ќе се сретнат во Скопје со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

    Петков пред бугарските пратеници кажа дека неговата влада нема да ја отвора вратата за македонско малцинство.

    „Теми за македонско малцинство се апсолутно недопустливи. Нема да ни да дискутирам за тоа“, кажа Петков.

    Во излагањето пред пратениците, Петков пак зборуваше за некаква си дискриминација на македонски граѓани со бугарско самосознание и за наводен говор на омраза кон Бугарија.

    „Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признато со промени во уставот, но тоа нема да се доволно. Поважно е за време на преговорите за членство во ЕУ секоја појава на говор на омразата или дискриминација да биде ликвидирана“, вели Петков.

    Петков најави и дека за 4 февруари се подготвува заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира