ТЕРЕЗА МЕЈ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВА ПОСЕТА НА БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД 1999 ГОДИНА

    ТЕРЕЗА МЕЈ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВА ПОСЕТА НА БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД 1999 ГОДИНАВелика Британија ќе биде домаќин на Самитот на Западен Балкан на 10 јули во Лондон. - Тереза Меј (архивска фотографија)

    Британската премиерка Тереза Меј ќе ја нагласи безусловната поддршка на Обединетото кралство за зачувување на европската безбедност и потврдување на европските вредности за време на утрешната посета на Македонија, соопшти Кабинетот на британскиот премиер доцна вечерва.

    Со доаѓањето во Македонија по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, Тереза Меј ќе биде првиот британски премиер кој стапнал на Западен Балкан уште од посетата на Тони Блер во 1999 година. Од нејзиниот кабинет најавија дека таа ќе има средби со премиерот Зоран Заев, како и со ЛГБТ активисти на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија.

    Меј ќе ја заврши посетата со говор на прием во Собранието, на кој што ќе присуствуваат политичари, функционери, воени лица и идни лидери.

    Велика Британија ќе биде домаќин на Самитот на Западен Балкан на 10 јули во Лондон, чиј што фокус ќе биде на регионалната безбедносна соработка, зголемување на економската стабилност и поттикнување поголема политичка соработка. Тоа ќе биде петтиот годишен самит како дел од Берлинскиот процес, лансиран од германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира