МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ПОВЕЌЕ ТЕРМИНИ ЗА КОВИД ТЕСТРИРАЊЕ И ПРОМЕНИ ВО АЛГОРИТМОТ, ЗАСЕГА ОСТАНУВА ПРАШАЛНИКОТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТА

    МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ПОВЕЌЕ ТЕРМИНИ ЗА КОВИД ТЕСТРИРАЊЕ И ПРОМЕНИ ВО АЛГОРИТМОТ, ЗАСЕГА ОСТАНУВА ПРАШАЛНИКОТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТАМатичните лекари велат дека е нелогично сè уште да стои прашање дали сте патувале во последните 14 дена во земји со висок ризик, кога веќе речиси сите земји се со висок ризик; - Од тестирањата во „Жан Митрев“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    За да се зголеми бројот на тестирања за ковид-19 во лабораториите на државно ниво, потребно е да се евалуираат постоечките капацитети на државата од страна на Комисијата за заразни болести, вели Министерството за здравство за сѐ почестите реакции од матичните лекари кои бараат да се отворат повеќе термини.

    Матичните лекари алармираат на повеќе нелогичности со алгоритмот кој одлучува кој, кога и дали воопшто ќе се тестира. Како на пример, за да се добие термин за тестирање на државно, пациентите треба да имаат висока температура, но и респираторен наод. Ако пациентот има само еден симптом, на пример изгубен осет за мирис и вкус, тоа не е доволно за алгоритмот. Тие што имале контакт со регистриран заболен, а немаат симптоми, исто така не го поминуваат епидемиолошкиот прашалник за тестирања.

    На нашето прашање дали ќе се менува алгоритмот и од кога, од Министерството ни одговорија дека Комисијата за заразни болести ги разгледува сите опции во однос на функционалноста на алгоритмот, базирани врз основа на целокупната епидемиолошка состојба во земјава како и во регионот и  според тоа одлучува и постапува.

    Матичните лекари велат дека е нелогично сè уште да стои прашање дали сте патувале во последните 14 дена во земји со висок ризик, кога веќе речиси сите земји се со висок ризик, а и мнозинството се заразени преку локална трансмисија.

    Го прашавме министерот за здравство Венко Филипче дали ќе се менува ова прашање во алгоритмот, а од неговиот кабинет ни одговорија: „Во однос на поквалитетна проценка и пратење на состојбата, потребни се сите информации врз кои е изготвен прашалникот од епидемиолошката анкета. Воедно, за добивање на реална состојба на епидемиолошките случаи поврзани со ковид-19 во Северна Македонија, потребно е да се пратат импортираните случаи“.

    Според вчерашните податоци, досега во земјата се направени вкупно  182.538 тестови на ковид -19. Вчерашните 1.504 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-320, Биотек-169, МАНУ -92, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Систина со ПЦР метода -155, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-20, ЦЈЗ Битола-10, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-26.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјавa од почетокот на епидемијата се 17.343, од кои оздравеа 14.422, починаа 721, а активни се 2.200.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира