ТИЕ ШТО ГО НАПРАВИЈА ИНЦИДЕНТОТ ВО ОХРИД НЕ САКААТ ДА ЈА ВИДАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, КАЖА КОВАЧЕВСКИ

    ТИЕ ШТО ГО НАПРАВИЈА ИНЦИДЕНТОТ ВО ОХРИД НЕ САКААТ ДА ЈА ВИДАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, КАЖА КОВАЧЕВСКИИнцидентот Ковачевски го оцени како „класична дистракција, на еден на еден перфиден начин да се одвлече вниманието од нашата европска иднина“. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Димитар Ковачевски смета дека тепачката во Охрид во која е повреден секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е направена со цел да се застане на патот на Македонија кон Европската унија. Инцидентот Ковачевски го оцени како „класична дистракција, на еден перфиден начин да се одвлече вниманието од нашата европска иднина“ и вели дека тој тоа нема да го дозволи, бидејќи местото на земјава е во европската заедница.

    Тие кои ги иницирале настаните не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Јасно ми е дека има тензија и дека има многу прашања на оваа тема. Мора да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни. Јас летово не седев и не преговарав во Брисел со 27 земји членки на ЕУ со едно горко чувство какво што делеа и нашите граѓаните, за сега да стоиме тука и да гледаме како бесмилосно направено насилство влијае врз сето она што е сработено и практично ја киднапира нашата меѓународна и европска иднина. Да бидам многу јасен, јас тоа нема да го дозволам, нема да дозволам да се одвоиме од европскиот пат и затоа ќе инсистирам овој проблем да се реши најбрзо од надлежните органи“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на компанијата „Метро“.

    Ковачевски рече дека членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат дека се поврзани со настаните кои се случија минатиот викенд во Охрид, но и со настаните претходно.

    Затоа, велам дека преку вакви активности нашата опозиција наликува на продолжена рака на Левица. Постојат два концепта, едниот е за европска Македонија, а вториот е бесмилосен национализам којшто замина од оваа држава заедно со нивниот вистински лидер“, кажа Ковачевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира