ТОА ШТО СЕ ТРОШЕЛО ВО СЈО БИЛО 70-80% ОД ЗАКОНСКИ ДОЗВОЛЕНОТО, НЕ ТРЕБА ДА СЕ УНАКАЗИ ЦЕЛА ИНСТИТУЦИЈА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

    ТОА ШТО СЕ ТРОШЕЛО ВО СЈО БИЛО 70-80% ОД ЗАКОНСКИ ДОЗВОЛЕНОТО, НЕ ТРЕБА ДА СЕ УНАКАЗИ ЦЕЛА ИНСТИТУЦИЈА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА„Обвинителите во СЈО не дозволија да излезе ниеден разговор од предметите кои ги работеа и за тоа добиле надокнада“, рече Заев. - Премиерот Заев со дел од министрите на денешната седница за пратеники прашања (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека не треба со леснотија да се унакази цела институција ако еден од СЈО не постапил како што треба, одговарајќи на пратеничкото прашање на Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ за платите и бонусите во СЈО. Заев додаде дека трошењето во СЈО било 70-80 отсто од тоа што го дозволил законот, но остави простор ако нешто е трошено незаконски, да има одговорност.

    „Поради тоа што оваа влада одлучи да ги објави сите трансакции од буџетот, да извлекувате заклучоци и да го навредувате СЈО. Не смееме да дозволиме поединечната одговорност да се префрла на сите. Ако еден не постапил како што треба, не може да се ставите законска одговорност за сите. Обвинителите во СЈО не дозволија да излезе ниеден разговор од предметите кои ги работеа и за тоа добиле надокнада. Тоа што се трошело во СЈО било 70-80 отсто од тоа што законот го дозволил, а ако нешто од тоа е трошено незаконски треба да се одговара без разлика дали е специјалниот јавен обвинител, обвинител во СЈО или истражител, но не вака со леснотија да унаказите цела институција“, рече Заев.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари