ТОДОР ПЕТРОВ ЌЕ СОБИРА 150.000 ПОТПИСИ ЗА НОВ РЕФЕРЕНДУМ СО ПРАШАЊЕ „ДАЛИ СТЕ ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?“

    ТОДОР ПЕТРОВ ЌЕ СОБИРА 150.000 ПОТПИСИ ЗА НОВ РЕФЕРЕНДУМ СО ПРАШАЊЕ „ДАЛИ СТЕ ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?“Собраниската Комисија за политички систем му денеска ја одобри иницијативата на Тодор Петров за собирање 150.000 потписи за нов референдум за името. - Тодор Петров на седница на Уставниот суд (Фото: СДК.МК)

    Три дена откако беа изгласани уставните измени кои се веќе објавени во Службен весник и со кои Република Македонија додава во името Северна, собраниската Комисија за политички систем му денеска ја одобри иницијативата на Тодор Петров за собирање 150.000 потписи за нов референдум за името.

    Во иницијативата за собирање потписи Петров го формулира евентуалното референдумско прашање: „Дали сте за Република Северна Македонија?“.

    Утринава од деветмина пратеници во оваа собраниска комисија, осум ја поддржаа неговата иницијатива.

    Петров бара од претседателот на Собранието Талат Џафери во рок од три дена да одлучи дали неговата иницијатива е уредна, да го извести премиерот Зоран Заев и преку него да се извести Државната изборна комисија надлежна за евиденција на избирачкото право.

    Од утре грчкиот парламент ќе расправа за доверба на владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, а потоа на дневен ред треба да се најде ратификацијата на Договорот од Преспа.

    На референдумот на 30 септември, прашањето беше  „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Вкупно гласаа 666.743 граѓани или 36,91 отсто од запишаните 1.806.336 гласачи на Избирачкиот список. Од нив „за“ гласаа 609.813 или 91,46 отсто а „против“ гласаа 37.700 илјади граѓани или 5,65 отсто. Неважечки ливчиња беа 19.221.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира