ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ИМ КАЖУВА НА КОЛЕГИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГЛАСААТ ЗА СИМНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ ДЕКА НЕ Е КРИВ ЗА 27 АПРИЛ

    ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ИМ КАЖУВА НА КОЛЕГИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГЛАСААТ ЗА СИМНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ ДЕКА НЕ Е КРИВ ЗА 27 АПРИЛПратениците на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски и Антонијо Милошоски на денешната седница на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања. (Фото: К. Попов)

    Осомничениот организатор на нападот на Собранието на 27 април 2017, Трајко Вељаноски, пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања која треба да одлучи по барањето на судот да му се симне пратеничкиот имунитет, објаснува дека не бил крив што со месеци ја спречуваше седницата за избор на претседател на Собранието, од новото парламентарно мнозинство во кое не беше неговата ВМРО-ДПМНЕ.

    Вељаноски е член на мандатно-имунитетната комисија. Не се знае дали ќе гласа за себе, бидејќи во собранискиот Деловник нема ограничување. Вељаноски се правдаше дека ни на крај памет не му текнало дека ќе има упад во Собранието, тепање и тешко повредување на пратеници. На ова членот Горан Мисовски го потсети: „Вие сте единствениот претседател на Собрание кој е осуден во Стразбур за исфрлањето на новинарите од Собранието на 24 декември 2012 година“, потсетувајќи го и на извлекувањето со ќотек на пратениците од СДСМ тој ден.

    Вељаноски рече дека не можел да ја прекине старата (маратонска) седница ни на 27 април, ни пред тоа, ни потоа и да закаже нова додека не се исцрпат сите пријавени дискусии на пратениците. А тогаш, не се исцрпуваа дискусиите и блокадите од ВМРО-ДПМНЕ. Претседавачот Трајко Вељаноски не закажуваше седница за избор на нов претседател на Собранието.

    Зборуваше и за препраќани вообичаени пораки од Никола Груевски за кои обвинителството го товари меѓу другите причини, но претседателот на Комисијата Павле Богоевски укажа дека нивната работа не е ценење на доказите. Туку, дека треба да се одлучи за имунитетот на Вељаноски, за да може судот да одлучува за барањето мерка притвор за Вељаноски.

    И амнестираните пратеници за 27 април, Јохан Тарчуловски и Крсто Мукоски, се членови на комисијата, ама не дојдоа да гласаат за имунитетот на Вељаноски. Ги застапуваат нивните заменици.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира