Веб сајтот на Државната изборна комисија (ДИК) со резултатите од предвремените парламентарни избори и денеска не е функционален. Сајтот падна во средата веднаш по затворањето на избирачките места во 21 часот и оттогаш повремено проработува, но брзо го снемува. Во моментов, може да се пристапи до сајтот, но ги нема резултатите, само излезноста.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски тврди дека во средата вечер биле цел на хакерски напад, но нападот бил пријавен во МВР утредента.
- БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ МУ УКАЖАЛО НА ДЕРКОСКИ ДЕКА НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИТЕ ЗА НАБАВКА НА СОФТВЕР БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС, ТОЈ НЕ ГИ ПОСЛУШАЛ
- ДИК Ѝ ГО ДАЛ САЈТОТ НА КОМПЈУТЕРСКАТА ФИРМА БЕЗ ОГЛАС СО ДИРЕКТНО ПРЕГОВАРАЊЕ ЕДНА НЕДЕЛА ПРЕД ИЗБОРИ
- ПАДНА САЈТОТ НА ДИК СО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ
- САЈТОТ НА ДИК УШТЕ НЕ РАБОТИ, СПОРЕД НЕОФИЦИЈАЛНАТА СИМУЛАЦИЈА НА МАНДАТИ: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15
- НИКОЈ НЕ КРЕВА ТЕЛЕФОН ВО ДИК ЗА ПАДНАТАТА ВЕБ-СТРАНА, КОНЕЧНИТЕ ОСВОЕНИ МАНДАТИ УШТЕ НЕ СЕ СООПШТЕНИ
Според еден од условите во јавната набавка за софтвер на ДИК, направена непосредно пред изборите, понудувачот треба да има искуство со веб сајт кој што имал најмалку 10.000 прегледи во период од еден час. За избори, сајтот на ДИК треба да биде изработен да издржи барем десеткратно повеќе прегледи.
М. ИЛИОСКИ