ТРЕТМАНОТ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ Е ИСТ КАКО ЗА СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА, ВЕЛАТ ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ОТКАКО ОД ПАРТИЈАТА СЕ ПОЖАЛИЈА ДЕКА НАИШЛЕ НА ЗАТВОРЕНА ВРАТА

    ТРЕТМАНОТ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ Е ИСТ КАКО ЗА СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА, ВЕЛАТ ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ОТКАКО ОД ПАРТИЈАТА СЕ ПОЖАЛИЈА ДЕКА НАИШЛЕ НА ЗАТВОРЕНА ВРАТАДенеска во 14 часот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ протестираше со едночасовна блокада со автомобили на крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија за енергетика. - Коце Трајановски и Христијан Мицкоски на денешниот протест пред РКЕ (Фото: К. Попов)

    Регулаторната комисија за енергетика вели дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ добиле ист третман како и сите други правни и физички лица кои се обраќаат до нив, откако претставниците на опозициската партија се пожалија дека не биле примени да го предадат барањето за враќање на старата цена на струјата за време на денешниот протест. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска изјави дека не можеле да го достават барањето до РКЕ бидејќи биле пречекани со затворена врата, а од РКЕ одговорија дека писменото барање на ВМРО-ДПМНЕ е архивирано по стандардна процедура како и за сите правни и физички лица.

    „Поради состојбата со пандемијата и заштита на здравјето на граѓаните и вработените, РКЕ уште од март 2020 година воведе протокол за работа во кој, помеѓу другото, дописите се доставуваат во изолирана кутија на влезот од РКЕ. Во однос на доставеното барање беше постапено по воспоставениот протокол Здравјето на граѓаните и безбедноста на вработените во време на пандемија е клучен предуслов за функционирање на институцијата и затоа третманот на денешното барање од ВМРО-ДПМНЕ е ист како и за сите правни и физички лица кои се обраќаат до РКЕ“, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

    Денеска во 14 часот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ протестираше со едночасовна блокада со автомобили на крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира