По силниот земјотрес во 15.10 часот од 5,2 степени со епицентар на шест километри источно Скопје на длабочина од четри километри, во главниот град беа почувствувани уште три потреси со помал интензитет. Претходно, околу 7 часот утринава, скопјани ги разбуди земјотрес со јачина од 3,9 степени.
Во регионот, во последните 48 часа Европско-медитеранската сеизмолошка станица регистрираше над 20 потреси, од кои најсилниот беше во јужна Грција со јачина од 3,6 степени. Покрај Грција, и во Турција беа почувствувани над десет земјотреси со јачина од 2-3 степени. Земјотрес беше регистриран и во Романија.