ТРИ ГОДИНИ ПО ЗВРЛЕСКИ И ЈАНЕВА ОТВАРА ИСТРАГА ЗА СПОМЕНИЦИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРИ ГОДИНИ ПО ЗВРЛЕСКИ И ЈАНЕВА ОТВАРА ИСТРАГА ЗА СПОМЕНИЦИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

    Специјалното јавно обвинителство денеска на распит го повика градоналникот на општина Центар Андреј Жерновски. Од тимот на Јанева не откриваат за каква истрага станува збор, но градоначалникот најави дека е повикан да даде исказ за начинот на кој општина Центар ги трошела парите за спомениците од проектот „Скопје 2014“.

    Катица Јанева го отвара овој случај три години откако Јавното обвинителство на Марко Зврлески отвори истрага за трошењето на народните пари во општина Центар.

    СЈО го отвара случајот врз основа на содржината на незаконски прислушуваните материјали. Скопското јавно обвинителство во август 2013 за основа ги зеде двата ревизорски извештаи нарачани од градоначалникот Жерновски кои покажаа дека за спомениците се потрошени 58 милиони евра, од кои за најмалку 8 милиони евра нема покритие.

    Двата случаи се во предистражна постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари