ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НА СОПРУЖНИЦИТЕ ОД ДЕБАР ИМААТ КОРОНАВИРУС, ДО СЕГА СЕДУМ ЗАРАЗЕНИ

    ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НА СОПРУЖНИЦИТЕ ОД ДЕБАР ИМААТ КОРОНАВИРУС, ДО СЕГА СЕДУМ ЗАРАЗЕНИПозитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.( Фото:Ѓ. Личовски)

    Тројцата членови на семејството на сопружниците од Дебар се позитивни на коронавирус, објави Министерството за здравство. Вкупниот број на заразени од КОВИД-19 во нашата земја стигна на седум.

    Од Министерството велат дека се тестирани уште пет лица, но нивните тестови се негативни.

    „Позитивните пациенти, од 7 март, беа во домашна изолација со решение за Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје“, велат од Министерството.

    На коронавирус се негативни лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар. Тие беа тестирани денеска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира