Дваесет и шест лица вкупно се заболени од коронавирус во земјава, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека бројките се однесуваат за состојбата до 12 часот.
Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направил контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат.
Состојбата на сите пациенти е стабилна. Повеќе информации ќе каже министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција закажана за час и половина.