ТРОЈЦА НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 26 ВО ЗЕМЈАВА

    ТРОЈЦА НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 26 ВО ЗЕМЈАВАСостојбата на сите пациенти е стабилна, вели министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: Влада)

    Дваесет и шест лица вкупно се заболени од коронавирус во земјава, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека бројките се однесуваат за состојбата до 12 часот.

    Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направил контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат.

    Состојбата на сите пациенти е стабилна. Повеќе информации ќе каже министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција закажана за час и половина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира