ТРОЈЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, 18 НОВОЗАБОЛЕНИ И 21 ОЗДРАВЕН, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ТРОЈЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, 18 НОВОЗАБОЛЕНИ И 21 ОЗДРАВЕН, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОПродолжениот полициски час кој почна во петокот, ќе заврши сабајле во 5 часот наутро. (Фото: К. Попов)

    За денеска преку Институтот за јавно здравје се регистрирани 21 излекуван пациент, 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови, соопшти Министерството за здравство. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200.

    Починати се тројца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски период била на механичка вентилација, и еден 71-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

    Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус, во:
    Скопје-2
    Куманово-9
    Штип-2
    Тетово-2
    Велес-1
    Гостивар-1
    Пехчево-1.

    Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1225 , од кои 54 починаа, а 971 е активен. Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 411
    Куманово – 338
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –117
    Тетово – 57
    Струга – 55
    Велес – 59
    Битола –17
    Охрид –15
    Кавадарци – 4
    Гостивар –13
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 27
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1

    Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252, преку Ветеринарен фaкултет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0 и Систина со ПЦР метода -11. Досега во земјата се направени вкупно 12.133 тестирања на КОВИД -19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

    Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за КОВИД-19 се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на КОВИД-19, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

    Во штипската болница во моментов се лекуваат 5 КОВИД-19 позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира