Тројца пукале во група од петмина, меѓу кои и еден полицаец, кои седеле во ресторанот на хотелoт „Александар палас“ во Скопје, ноќеска 35 минути по полноќ. Нема повредени, потврди МВР.
Според МВР, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К. И. (41) и Љ. Ќ. (25), три лица влегле внатре и почнале да пукаат кон нив.
„Тогаш Љ. Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.