ЦЕЛАТА ДОБИВКА ОД РАБОТЕЊЕТО НА ЕВН Е РЕИНВЕСТИРАНА ВО МАКЕДОНИЈА, РЕКОА НА 20-ГОДИШНИНАТА НА КОМПАНИЈАТА

    ЦЕЛАТА ДОБИВКА ОД РАБОТЕЊЕТО НА ЕВН Е РЕИНВЕСТИРАНА ВО МАКЕДОНИЈА, РЕКОА НА 20-ГОДИШНИНАТА НА КОМПАНИЈАТАИзградени се 5.561 километар нова и реконструкција на 3.056 километри постојна мрежа, како и 1.368 новоизградени и 1.761 модернизирани трафостаници.Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија (Фото: ЕВН)

    ЕВН Македонија од 2006 до 2026 има инвестиции во вредност од 837,46 милиони евра  евра, генерирајќи 1,4% ефект врз БДП, 95 милиони евра директен придонес, 150 милиони евра годишен економски ефект и 28 милиони евра фискален придонес. Ова го покажува студијата за влијанието на ЕВН Македонија во националната економија и енергетика, како и општеството во целина во последните 20 години, изготвена од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје.

    Во студијата, изработена по повод 20-годишнината на компанијата, се потенцира дека целосната добивка на компанијата низ целиот овој период е реинвестирана во македонската економија, наспроти просекот на странските компании кои дури 70% од добивката ја трансферираат надвор од земјата.

    „Во изминатите две децении, модернизацијата на дистрибутивната мрежа и зелената транзиција претставуваат едни од најзначајните столбови на развојот на ЕВН Македонија. Реализиран е обемен инвестициски циклус со изградба на 5.561 километар нова и реконструкција на 3.056 километри постојна мрежа, како и со 1.368 новоизградени и 1.761 модернизирани трафостаници. Овие инвестиции резултираа со значително унапредување на ефикасноста и сигурноста на системот, при што загубите во мрежата се намалени од 24% на 14%. Во делот на обновливите извори на енергија, ревитализирани се 11 мали хидроцентрали со вкупен капацитет од 47 MW и годишно производство од 140 GWh, изградени се 9 фотоволтаични централи со капацитет од 33 MW и производство од 46 GWh, реализиран е батериски систем со капацитет од 10 MW / 20 MWh со дополнителна надградба од уште 20 MWh, а воспоставени се и 120 места за полнење во рамки на проектот за електромобилност“, се вели во студијата.

    Во студијата е наведено дека  компанијата преку своето работење директно и индиректно поддржува 3.918 работни места, останувајќи посветена на развојот на вработените и општествениот развој, со овозможување на обуки, едукативни кампањи за енергетска ефикасност, волонтерски акции, како и стипендии и дуално образование. Поддршката на општествени проекти и иницијативи останува важен дел од корпоративната одговорност. Компанијата поседува и Изложбен едукативен центар „Матка“ од јавен интерес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира