ЦЕНАТА НА БЕНЗИНИТЕ СЕ НАМАЛУВА ЗА 3,5 И 4 ДЕНАРИ, НА ДИЗЕЛ ГОРИВОТО ЗА 7 ДЕНАРИ

    ЦЕНАТА НА БЕНЗИНИТЕ СЕ НАМАЛУВА ЗА 3,5 И 4 ДЕНАРИ, НА ДИЗЕЛ ГОРИВОТО ЗА 7 ДЕНАРИНамалувањето е во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15јуни. (Фото: СДК.МК)

    Од полноќ се намалуваат цените на безнините и дизел горивото. Како што соопштија од Регулаторната комисија за енергетика , водни услуги и услуги за управување (РКЕ), намалување на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15 јуни.

    Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 денари за литар и ќе биде 84 денари, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 денари и ќе биде 86 денари.

    Цената на дизел горивото од полноќ ќе биде 80,50 денари што е намалување за 7 денари.

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстралесното масло за 12,354%  и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира