ЦЕНИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ И НА ТРАНСПОРТОТ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 24 ОТСТО И ТОА НАЈМНОГУ ВЛИЈАЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ

    ЦЕНИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ И НА ТРАНСПОРТОТ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 24 ОТСТО И ТОА НАЈМНОГУ ВЛИЈАЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИВладата прави анализи за да се излезе со трајни мерки за зголемените цени на прехранбените производи, рече Мицскоски. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на цените во угостителските објекти и на транспортните услуги најмногу допринело за инфлацијата меѓу 4 и 5 проценти. Како што кажа, Владата прави анализи за да се излезе со трајни мерки за зголемените цени на прехранбените производи.

    Направивме анализа и дојдовме до следниот заклучок: ако ги исклучиме храната, зеленчукот и овошјето, ќе видиме дека главни генератори на оваа инфлација се транспортните услуги и генерално услугите во целина. На пример, ресторанските услуги се за 24-25 проценти зголемени во однос на лани, исто е и кај транспортните услуги. Исто така, имаме двојно зголемување и кај овошјето. Нашата пракса покажа дека ако само ја ограничиме маржата кај прехранбените производи потоа таа се прелева во следните месеци. Не сакаме да поднеме во таа замка. Услугите се најголемиот генератор на зголеменото ниво на инфалција меѓу 4-5 проценти. Зголемените плати и пензии доведуваат до зголемена побарувачка и луѓето можат таа цена за услугата да ја платат, па цената на услугите се покачува додека луѓето можат да платат“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увид на градежни работи за изградба на спортска сала во Општина Петровец.

    Мицкоски кажа дека во сите земји во регионот инфлацијата се движи како кај нас меѓу 4 и 5 проценти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира