ЦИПРАС ИМ ЧЕСТИТАШЕ ЗА ХРАБРОСТА И ВИЗИЈАТА НА НЕЗАВИСНИТЕ ВМРОВЦИ

    ЦИПРАС ИМ ЧЕСТИТАШЕ ЗА ХРАБРОСТА И ВИЗИЈАТА НА НЕЗАВИСНИТЕ ВМРОВЦИГрчкиот премиер Алексис Ципрас се поздравува со Крсто Мукоски од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. (Фото: Собрание)

    Грчкиот премиер Алексис Ципрас попладнево во Собранието се сретна со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и им честиташе на осуммината пратеници за визијата и храброста, соопштија од пратеничката група.

    „Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ“, велат од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

    Осуммината пратеници кои гласаа за уставните измени согласно Договорот од Преспа на Ципрас му ги искажале очекувањата за Грција во евроатланската интеграција на нашата држава, а тој им одговорил дека не само што ќе нѐ поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.

    Членови на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Зеќир Рамчиловиќ и Владанка Авировиќ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари