ЦИПРАС МУ ЧЕСТИТА НА ЗАЕВ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    ЦИПРАС МУ ЧЕСТИТА НА ЗАЕВ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИПремиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев на 17 јуни 2018 во селото Псарадес (Нивици) на потпишувањето на Договорот од Преспа за решавање на 27-годипниот спор за името меѓу Грција и Македонија (Фото: СДК.МК)

    Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на македонскиот премиер Зоран Заев, откако вечерва беа изгласани уставните измени согласно Договорот од Преспа за решавање на спорот за името.

    „Премиерот Алексис Ципрас контактираше со премиерот на ПЈРМ Зоран Заев и му честиташе за успешниот процес на измена на Уставот врз основа на Договорот од Преспа”, објави на Твитер грчката Влада (Фото: принтскрин)

    „Премиерот Алексис Ципрас контактираше со премиерот на ПЈРМ Зоран Заев и му честиташе за успешниот процес на измена на Уставот врз основа на Договорот од Преспа”, објави на Твитер грчката Влада.

    Собранието вечерва со 81 глас „за“ ги усвои четирите уставни амандмани предвидени со Договорот од Преспа и потоа со ист број гласови донесе одлука за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 со што тие стануваат дел од Уставот. Со ова името на земјава е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари