Црвениот крст на Македонија повика да се донира за помош на настраданите во големите поплави и свлечишта што вчера ја погодија Босна и Херцеговина, при што загинаа 24 луѓе, уште не се знае колкумина се исчезнати, а материјалната штета е огромна.
„Црвениот крст на РСМ веднаш стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Од своите резерви Црвениот крст на РСМ извои парични средства во висина од 10.000 евра како првична помош за настраданото население“, соопшти Црвениот крст и повика за солидарна помош на настраданите.
Правните субјекти и граѓаните може да донираат парична помош на следниве начини:
– На сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ
-Да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228