ТУРЦИЈА ЌЕ ДОНИРА ЧАРШАВИ, КЕБИЊА И ПЕРНИЦИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ НА БАРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ТУРЦИЈА ЌЕ ДОНИРА ЧАРШАВИ, КЕБИЊА И ПЕРНИЦИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ НА БАРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОМинистерот за здравство Арбен Таравари најави дека интерхоспиталните инфекции и нехигиената на клиниките планираат да го решат со ангажирање на надворешни специјализирани фирми. - Од посетата на Таравари на ГОБ „8 Септември“ на 4 јули

    Турската агенција за координација и соработка ТИКА ќе донира чаршави, кебиња и преници за македонските болници и клиники. Оваа вчера го најави министерот за здравство Арбен Таравари, кој рече и Министерството со пари од својот буџет веќе набавува чаршави, кои се неопходни за да се подобри хигиената во болниците.

    „Од буџетот на Министерство веќе се набавуваат чаршави, а од турската агенција ТИКА ни најавија дека ќе донираат чаршави, ќебиња и перници. Претставници од ТИКА беа на средба во Министерството и прашаа што ни е итно потребно и дека може да помогнат. Им реков, ако може чаршави, ќебиња и перници, на што одговорија дека тоа веднаш може да го добиеме“, кажа Таравари, за кого нехигиената на клиниките и во болниците е најголемиот проблем во здравството.

    Тој најави дека интерхоспиталните инфекции и нехигиената на клиниките планираат да го решат со ангажирање на надворешни специјализирани фирми. Според него, ова засега е идеја, бидејќи треба да разговара со Министерството за финасии за да се види дали може да се одвојат екстра пари.

    „Интрахоспиталните инфркции се најголемиот проблем, дури и високиот процент на доенечка смртност се должи токму на интерхоспитални инфекции. Размислуваме да ангажираме надворешни фирми кои ќе се грижат за комплетната хигиена во болниците и клиниките, од операциони сали до сите простории. Така е секаде во светот, па и во нашите приватни болници. Сега правиме студија, колку ќе кошта тоа и да видиме со Министерство за финансии како ќе се финансира. Идејата е дел од трошокот да покрие Министерството, а дел самите здравствени установи“, рече Таравари.

    Тој кажа дека ако успеат ова да го воведат во наредните три до четири месеци, тогаш во буџетот за наредната година што ФЗОМ ќе го определи за клиниките и болниците ќе се предвиди и овој трошок, а надворешните фирми ќе имаат обврска да ги вработат хигиеничарите што сега работат во здравствените установи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира