УАПСЕН Е ЕДМОНД ТЕМЕЛКО

    УАПСЕН Е ЕДМОНД ТЕМЕЛКО

    Во пет часот попладнево во Скопје уапсен е Едмонд Темелко, обвинетиот градоначалник на Пустец за изборни нерегуларности, кому вчера на барање на Специјалното обвинителство, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му одреди мерка притвор.

    Според информациите што ги доби САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР, Темелко во моментов се наоѓа во полициска станица и веднаш ќе биде спроведен на издржување на мерката во затворот Шутка. Темелко не давал отпор при апсењето.

    Денеска обвинителката Ленче Ристоска од СЈО рече дека барањето за мерката притвор било поради информациите дека тој иако имаше одземен пасош и имаше обврска да не ја напушта Македонија додека трае постапката, сепак со лична карта патувал во странство, со што ја прекршил забраната.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира