УАПСЕН УШТЕ ЕДЕН ОД ГРУПАТА НА НИНЏА ШТО ГО НАПАДНАА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

    УАПСЕН УШТЕ ЕДЕН ОД ГРУПАТА НА НИНЏА ШТО ГО НАПАДНАА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛУапсениот Младен Додевски, според истрагата, е еден од маскираните насилници кои мирно беа пропуштени од специјалците на тогашниот директор на јавна безбедност во МВР Митко Чавков. - Од нападот во Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Уапсен е Младен Додевски, кого МВР го бара со потерница заедно со Александар Василевски -Нинџа, Никола Митревски -Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски, потврдија од полицијата.

    Сите се барани за загрозување на уставниот поредок на Македонија и за тешки насилства во Собранието на 27 април лани.

    Додевски според истрагата е еден од маскираните насилници кои мирно беа пропуштени од специјалците на тогашниот директор на јавна безбедност во МВР Митко Чавков да се качат горе во прес салата на Собранието да ги вршат насилствата врз пратениците од тогашниот опозиционен СДСМ.

    Додевски тргнал од ресторанот “Дион” на Кејот на Вардар и директно се упатил во Собранието заедно со толпата која насилно влезе низ пробиените собраниски врати.

    Тој бил уапсен ноќеска. Денеска се очекува да биде однесен пред судија на претходна постапка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари