УАПСЕНИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ И ПЕТМИНА ЦАРИНИЦИ ВО КУМАНОВО И СКОПЈЕ, ЗА ШВЕРЦ НА СУРОВИНИ ЗА ДРОГА ОД АЕРОДРОМ ДО КОСОВО

    УАПСЕНИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ И ПЕТМИНА ЦАРИНИЦИ ВО КУМАНОВО И СКОПЈЕ, ЗА ШВЕРЦ НА СУРОВИНИ ЗА ДРОГА ОД АЕРОДРОМ ДО КОСОВОСо најновата акција на МВР и Обвинителството за организиран криминал се потврдија сомнежите дека дрога се шверцува со асистенција на цариници и полицајци. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно девет лица се уапсени, од кои двајца полицајци и петмина цариници, осомничени за шверц и продажба на дрога, во денешната акција на полицијата во Куманово и во Скопје, соопшти Обвинителството за организиран криминал и корупција. Уапсените лица се осомничени за кривичните дела Криумчарење, а тројца од нив и за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Од обвинителството велат дека четворица од осомничените минатиот месец учествувале во транспорт на дрога од царинската испостава на Меѓународен Аеродром Скопје до границата со Косово. Тогаш е запленета и дрогата, односно суровината за изработка на дрога, велат од Обвинителството.

    „Во текот на ноември 2021 година, четворица осомничени меѓу кои два полициски службеници, како повеќе лица учествувале во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори кои во два наврати организирано требало да пренесат стока од царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје, до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу РСМ и Р Косово. Осомничените царински службеници, спротивно на нивните службени надлежности, и покрај тоа што за пристигнатата стока модулот за управување со ризик при системот СОЦДАД определил црвен канал што подразбира задолжителен детален преглед со кој ќе се спореди фактичката состојба со декларацијата, не постапиле и не извршиле соодветна контрола со која би ги утврдиле неправилностите. Со ваквото постапување како службени лица овозможиле преку царинска линија пренесување на стоки различни од декларираните“, соопшти Обвинителството.

    За сите уапсени Обвинителството доставило предлог за мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира