УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА КОИ ЈА ЗАПАЛИЈА КОЛАТА НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

    УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА КОИ ЈА ЗАПАЛИЈА КОЛАТА НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВКолата на Шилегов беше запалена на 9 март во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи вчера уапси три лица кои пред еден месец ја запалиле колата на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Како што информираат од МВР, уапсени се А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје и против нив е поднесена кривична пријава до Основното обвинителство Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.

    На 27 април, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила, „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз”, велат од МВР.

    Како што дознаваме, за трите лица е побарана мерка притвор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира