УАПСЕНИОТ НАРКО ДИЛЕР КОЈ ПОВРЕДИ ПОЛИЦАЈЦИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ВО ЌЕЛИЈА ВО “ИДРИЗОВО”, А НАЈДЕН Е ВО РЕСЕН, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГО ИСПИТУВА НЕГОВОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ

    УАПСЕНИОТ НАРКО ДИЛЕР КОЈ ПОВРЕДИ ПОЛИЦАЈЦИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ВО ЌЕЛИЈА ВО “ИДРИЗОВО”, А НАЈДЕН Е ВО РЕСЕН, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГО ИСПИТУВА НЕГОВОТО ОСЛОБОДУВАЊЕМВР вчера начна мистерија - како ова лице се води дека издржува затворска казна од 7 години во "Идризово", а го наоѓаат и апсат во Ресен? (Фото: СДК.МК)

    Осуденото лице Л.Г. од Струга, кој вчера при апсењето за дрога повреди двајца полицајци, но беше брзо совладан, е во притвор.

    Но МВР вчера начна мистерија – како ова лице се води дека издржува затворска казна од 7 години во “Идризово”, а го наоѓаат и апсат во Ресен?

    Л. Г. бил осуден на 7-годишна затворска казна за продажба на дрога, во друга судска постапка.

    Неофицијално, за мистеријата ќе биде известено Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде што е одделението за гонење службени лица со полициски овластувања.

    “Л.Г. , кој од претходно е осуден за нелегална трговија со дрога и требало да биде во казнено-поправна установа, се обидел да избега и при тоа оштетил две службени возила, а повредени се двајца полициски службеници, со што извршил кривично дело ‘напад на службени лица при вршење на работи од безбедноста’. Но, бил совладан и приведен, а известен е и јавен обвинител од ОЈО Битола”, кажа денеска помошник-министерот во МВР Тони Ангеловски дека Л.Г. требало да биде всушност во затвор.

    Л.Г. е дел од четиричлена група кој продава дрога и заклучно со вчерашната акција, комплетирана во притвор е целата.

    Дрогата била фатена уште на 14 септември, “затвореникот” Л.Г. бил фатен дури вчера.

    Л.Г. и А.А. заедно со Б.П. (36) и С.Д. (кои се претходно приведени и одредена им е мерка притвор), договориле купопродажба на 490 грама марихуана, која ја извршиле уште на 14.09.2022 во близина на Катлановска бања. Истиот ден полициски службеници на наплатната станица Сопот сопреле возило „фиат пунто“, управувано од С.Д. при што во возилото е пронајдена дрогата. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје поради извршено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира