УБК И АР ДА ДАДАТ ИНФОРМАЦИИ ЗА 27 АПРИЛ И ВМЕШАНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДИПЛОМАТСКИОТ СКАНДАЛ СО СРБИЈА, ПОБАРАА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО

    УБК И АР ДА ДАДАТ ИНФОРМАЦИИ ЗА 27 АПРИЛ И ВМЕШАНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДИПЛОМАТСКИОТ СКАНДАЛ СО СРБИЈА, ПОБАРАА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТОДиректорите на УБК и АР Горан Николовски (лево од Трајко Вељаноски) и Зоран Иванов (десно) на денешната седница на собраниската комисија за надзор над УБК и над Агенцијата за разузнавање. (Фото: СДК.МК)

    На денешната седница на Собраниската комисија за надзор над УБК и над Агенцијата за разузнавање, покрај разгледувањето на извештаите за работењето на двете институции, пратениците на владејачката СДСМ побарала дополнителни информации од Управата за безбедност и контраразузнавање и од Агенцијата за разузнавање за улогата на институциите во организираниот напад на Собранието на 27 април и за дипломатскиот скандал со Србија и можната вмешаност на вработени на УБК и АР.

    Седницата на Комисијата беше затворена за јавноста, бидејќи претседателот на Комисијата Трајко Вељаноски побара јавноста да биде исклучена поради класифицираните информации во извештаите за работата на УБК и на АР.

    Извештаите за работата на на двете институции за 2016 година, во Собраниската комисија ги бранеа новите директори на УБК Горан Николовски и на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, но се подготвени од старите директори Владимир Атанасовски и Наќе Чулев.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари